Monday, April 23, 2007

ТРИ ТОЧКИ

У принцип, морам да признаам дека троа ме нервира КЦ Точка. Тој извитоперен андерграунд елитизам кој лебди у воздухот, можеш со ножици да го сечеш. Од втора рака, не биле ни многу коректни за соработка, ама не милувам да шпекулирам (затоа само вака пиздински нафрлувам :)) па тоа ќе го преќутам. Како и да е, ако си маргинален, немаш издавачка куќа, и не те печатат по весници. Уатевер, морав да помрчам малце, зашто следи доста пофален пост подолу (баланс је битна ствар:)):

Имено, во доста краток период се десија неколку убави работи во Точка, и редно е да ги споменам, оти мрчење си е мрчење, ама риспект си е нечо друго.

Прво: самостојната изложба на Ване Костуранов со наслов Куќи. Убави, убави слики. Ване не првпат изложува во Точка, веќе се видени неговите работи. Малку ми запречи како на гледач немрдањето од мртва точка во однос на тематиката, меѓутоа кога нешто си е искрено, и кога искрено си стои и не мрда, ништо не му можеш. Ако отидете да ѕирнете, не заборавајте да ги погледнете и насловите на сликите, пошто колку поезија има во визуелниот, толку има и во текстуалниот дел.

Второ: како дел од тој некој си Конструктор фестивал за урбани уметности, проект имаше Љубиша Камењаров, под наслов Визуелџија. Таму кадешто шкрипнало во другите сегменти, смислата за хумор е таа која супер ги пополнува дупките. Почнувајќи од крајно треш проспектчето кое симулира визитка со трговачки шмек, преку понудата од слики на метро и скулптури на кило, Љубе напраи таква пародија на она што се случува во уметноста денес. И тоа на кило :)) Исто така, сликите СТВАРНО се на метро (една од нив фантастична) а скулптурите...море сите беа добри :))))

и

трето (кое можда малку се мислев дали да го ставам во контекст со останатите 2, оти малку ми заостанува во силината): исто така дел од Конструктор, проектот на Владимир Лукаш (кој имаше некој наслов на шпански што не го ни памтам баш) што се состоеше од повеќе телевизори склепани во мозаик, на кој одеа сегменти од лицата на неговите другарчиња. Е сеа, малку прашалници ми остаи тоа што не беше сосема јасно ШТО тоа значи (не само од аспект на груба експликација, него убаво е едно дело да има пропратен материјал кој ќе сведочи за делото и тогаш кога тоа не е изложено), но ми се бендиса тоа што не беше сиров видео арт во галериски простор (што СТРАШНО иде на живци) туку еден пулсирачки мозаик, каде секој сегмент (читај:TV) си имаше своја боја и форма и придонесе за ефектна визуелна целина.

И за крај: можеби ако КЦТ продолжи со вакви фини проектчиња во иднина (господ е сведок дека имало све и свашта во нивните простори) ќе избледи негативниот впечаток за нив, оти убавите впечатоци ќе го потиснат.

1 comments:

Anonymous said...

Племяннице сестры исполняется 4 года, думаем, что подарить на ДР посоветуйте, что любопытно в таком возрасте детям. У нее самая любимая игрушка - мышка Тич, думаем, может подарить мишку Куби http://mishkiland.ru/coobi.php?id=5 . Или посоветуйте что-либо аналогичное.