Friday, April 27, 2007

Кај д хел сте на Марко Стојановиќ!?

Да му се плукнам и на андерграунд, и на аперграунд и на све у факинг битуин...коа на таква изложба никој не се појави. Доаѓа нешто на 10 нивоа повисоко од СВЕ шо се дешава овде, и нема-никој. Браво. Не сакам веќе од никој да чујам НИШТО за неинформираност или некој да ми промрчи за факинг ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ.

Ако не ви излага братучедот, нема ни да отидете да видите. Па да, МСУ е на друга планета! И после ќе мислат дека сме паланка шо нема ни критериум ни почит за некои работи. Епа и сме, според приложеното!

За оние што не слушнале (хардли дека има такви, ама ај...):
Денес во Музејот на современа уметност (на Кале!!!) се отвори изложбата на Марко Стојановиќ, млад концептуален уметник и дизајнер од Нови Сад.

По Марко, фуд арт, новите гоблени, бело...све тоа треба да го видат оние кои мислат дека светот почнува тука (да не речам со НМП). Значи, идете, видете...за да сватите дека светот...завршува тука :))

Bless u.

0 comments: