Tuesday, May 15, 2007

Aна rocked!

Многу сакам коа имам повод ем причина да споделам и нешо убаво, зашо ми е више преку таквото од коструктивна, деконструктивна, рекреативна или каква и да е...негативна критика.

И пак ќе ви го дрвам за уметност, иако изглеа ако не се пишува за ју ноу ху никој нити чита нити му е гајле. Ама баш ми е па МЕНЕ гајле, ја си се празнам, читал некој или не-исти Џонсон.

Како и да е, вчера, во Отворено графичко студио се отвори изложба на младата Ана Андроска, сликарка која првпат се претставува самостојно. Сме глеале (кој памти, де!) нејзини цртежи во Точка пред поише години, ама од тогаш до сеа се случил невиден скок: Aна созреала во комплетен автор, што значи дека освен добрите, СТВАРНО ДОБРИ слики видовме квалитетна поставка, каде секој ѕид беше паметно искористен, колористички и просторно решен до максимум, видовме и скромност, ненаметнување (читај: на изложбата имаше 10 слики) и убаво среден каталог, кај кој само ми засмета фактот на црно-белост :) пошто тој момент не кореспондира со колоризмот, кој е главна движечка сила во нејзините слики.

Понатаму, чувме и убава музика, чиј автор е Иван Арсовски, за мене до сега непознат композитор/музичар, кој наменски го направил делото за оваа изложба.

Маана? Нема еркондишн у ОГС. И да има (ако грешам душа, де!) не работи ко шо треба!

Значи: пут под ноге и правац Музеј на град Скопје, задна страна, дур трае оваа фина камерна поставка, и барајте да ви пуштат и музиче! :)

0 comments: