Знам дека долго време некои од вас ги копка мојот идентитет. Знам дека се шпекулираше за мојот пол, возраст, сексуални преференци и така натаму. Се надевам дека со овој пост ќе ви се разјаснат мистериите и дека ќе разберете кои биле причините за мојата анонимност. Дури е ладно, мене ми е ОК, си седам дома во моето дувло и се греам. Но кога ќе затопли вака, ми станува тешко да излегувам од дома, затоа што носењето на маска на овие температури е вистинска тортура.
Понатаму се надевам дека сега ви е јасно зошто за себе цело ова време сум пишувал/а на овој начин. Впрочем, тоа не е за вас да ве збунам, туку заради тоа што и јас не сум сигурен/а како да се сфатам самиот/та себе.
И конечно, за оние кои ме прогласуваа за исфрустрирана и не знам каква се' не особа: In yout faces, cruel people! Се надевам дека сега барем малку срцето ќе ви се стегне од човечко сожаление за мојот физички изглед...аnd finally, c'est moi!!!

2 comments:
Убавице, цел живот те барам!
Јас морам да те поправам, мене ќе мораш да ми се обраќаш со "убавице/ецу" за ниеден аспект од мојата внатрешна (а богами и надворешна) убавина не биде запоставен!
Post a Comment